X
 22.06.2022 Живот

Првото електрично возило што им овозможува на корисниците на инвалидска количка да возат

Живееме во модерен свет полн со технолошки чуда. Само погледнете го начинот на кој стигнуваме од точка А до точка Б - електрични возила на кои не им треба бензин, автомобили „Тесла“ што сами возат и слично.

Сепак, и покрај сите овие достигнувања, транспортот останува проблем за многу возачи со посебни потреби. Иако многу возила нудат пристап до инвалидска количка, потребно е значително време и напор за влегување и излегување.

Токму тука доаѓа „Кенгуру“.

„Кенгуру“ не е само уште еден паметен автомобил, туку станува збор за првото електрично возило создадено специјално за корисниците на инвалидска количка.

Наместо повеќе странични врати, „Кенгуру“ има една голема врата што го зафаќа целиот заден панел. Со притискање на копче, се отвора вратата за директен пристап. Без седишта и без багажник.

Возењето е подеднакво едноставно. Рачките во стилот на мотоцикл го заменуваат традиционалниот волан, а компанијата моментално работи на верзија на џојстик за оние кои имаат поограничена сила на горниот дел од телото. Има само три брзини: напред, нетурална и назад. Ова возило се смета за електричен скутер, што значи дека не е потребна возачка дозвола за управување со него.

„Кенгуру“ има опсег од речиси 100 километри, но брзината и растојанието не се всушност главната точка - инклузивност. Со вакво возило возачите можат лесно да уживаат во брзо патување до продавница и едноставни работи што лесно се земаат здраво за готово. Тука е и достапноста на „Кенгуру“. Цената на автомобилот е околу 25.000 долари, но доколку „Кенгуру“ се смета за работно возило, цената се намалува.

Ова е возбудлив пример за тоа како технологијата може да помогне да нè поврзе - сите нас - со животот и да го направи светот подобро место.



Извор: Upworthy.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот