X
 10.12.2018 Култура

Хуманитарна претстава за лица со посебни потреби

Европската Медицинска Студентска Асоцијација (ЕМСА) на Македонија функционира во рамки на Медицинскиот факултет во Скопје веќе 18 години, работи и организира над 25 тековни проекти опфаќајки теми од јавно здравје, медицинска едукација, медицинска наука и европска интеграција и култура. Во склоп на столбот Европска интеграција и култура се организира проектот “Best buddy”,  проект наменет за децата со посебни потреби, со ментални или физички ограничувања, со цел подобра социјална инклузија на оваа ранлива група.

Оваа година проектот се организира во соработка со Институтот за Дефектологија при Филозофскиот факултет на УКИМ, со кои по организираната обука за студентите на дефектологија и медицина, студентите ги посетуваа, едуцираа и се дружеа со децата од повеќе институции. Обуката беше одржана од страна на психијатар од „Заводот за ментално здравје“ и професор на Институтот за дефектологија, при што студентите беа обучени за соодветна комуникација и интеракција со оваа чувствителна група на деца ни раскажува претседателот на ЕМСА Македонија, Тамара Ангеловска.

1

За време на проектот беа посетени ДУЦОР „Партенија Зографски“ , ДЦУ „Наум Охридски“ и здружението на граѓани „Во мојот свет“.  На посетите студентите се дружеа со децата со интерактивни работилници прилагодени на нивната возраст. Беа одржани работилници за „Сексуално преносливи болести и како да се заштитиме“, работилници за изработка на слики и цртежи, изучување на песнички итн.

Како завршен настан на овој хуман проект осмисливме и организиравме претстава заедно со студентите од Факултетот за Драмски Уметности при УКИМ и учениците во Детското драмско студио „Детски свет“ наменета за лица со посебни потреби од различни категории.
Театарската престава именувана „Супер Софи”  е под сценарио и режија на студентката во втора година од ФДУ, Изабела Јакимова. „Супер Софи“  се играше на театарската сцена на Факултетот за драмски уметности во склоп на програмата „Академска Сцена” на 07.12.2018та година со почеток во 18 часот вели Елена Влашева, директор за Европска интеграција и култура.

2

На претставата присуствуваа деца од повеќе институции во Скопје, и беше навистина огромно задоволство и успех.  Во разговор со претседателот на ЕМСА, Тамара Ангеловска, дојдовме до идеја да се соедниме како студенти од различни факултети и да создадеме еден предновогодишен подарок за најмалите.

3

-Лично мене, овој проект ми беше од огромно искуство бидејќи за прв пат ми се пружи можноста да поставам мој текст и некоја моја фантазија на сцена и да застанам малку и зад кулисите. Задоволството беше мое, да се соработува со ЕМСА  и се разбира со колегите од ФДУ кои го прифатија учеството како и помладите, се надевам, идни колеги од ДДС- Детски Свет, кои достојно и професионално го изработија она што им беше дадено за задача - раскажува Изабела Јакимова, студент во втора година на Факултетот за драмски уметности сценарист и режисер на оваа претстава.

4

5

Театарската претстава е симбол на крајот на проектот “Best Buddy” за оваа година, но и почеток и потсетник за сите граѓани за неизмерната важност на потребата за социјалната инклузија и интеграција на оваа ранлива категорија на деца во општеството.  Се надеваме дека во иднина овој проект ќе прерасне во поголеми рамки, ќе има можност да се опфатат што повеќе лица од различни категории и да успееме да им го посветиме на овие лица вниманието кое го заслужуваат велат од ЕМСА Македонија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура