X
 22.07.2017 Живот

Приказна за пријателството

Некогаш одамна живеело едно девојче што имало лош карактер. Неговата мајка му дала кеса полна со шајки и му рекла секојпат кога ќе не може да го контролира своето однесување, да закове една шајка во ѕидот.

Првиот ден морало да закове дури 37 шајки. Во текот на следните неколку недели, како што девојчето учело да се контролира, бројот на заковени шајки се намалувал. Сфатило дека му е полесно да ја контролира лутината отколку да кове шајки на тврд ѕид.

Конечно, дошол денот кога девојчето не се изнервирало ниту еден пат. Тоа му го кажало на мајка си, па таа го советувала секој мирен ден да извлече по една шајка. Дошол ден кога девојчето и рекло на мајка си дека повеќе нема ниту една шајка на ѕидот. Мајката ја зела ќерка си за рака, ја одвела до ѕидот и и рекла:

„Добро си направила, ќерко, но погледни ги дупките што останаа на ѕидот. Ѕидот повеќе нема да изгледа исто. Кога ќе кажеш некому нешто во лутина, го повредуваш. Како да забиваш нож во тоа лице и потоа го вадиш надвор. Не е важно колку пати ќе кажеш – жал ми е, раната ќе остане тука. Да повредиш некого со зборови понекогаш е полошо отколку физичка повреда. Пријателите се наше ретко богатство и треба да се чуваат. Тие те смеат кога си тажна, те охрабруваат кога треба да успееш во животот, ти го позајмуваат рамото за плачење, ушите за слушање и ти го отвораат срцето.“

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот