X
 17.08.2017 Живот

Лекари во средниот век биле гатачите

Кога помислувате на магија, сигурно мислите на магични трикови и извлекување зајаци од шешир. Некои помислуваат и на Хари Потер. Но, во текот на средниот век магијата имала друго значење. Односно, може да се каже дека тогаш се верувало дека медицината или науката е магија.

фото извор: curiosity.com

Некои средновековни магии биле безопасни. Како љубовна напивка се давале билки, како валеријана, ставени во чаша со вино и пиво. Многу од магиите во тој период имале помалку злобна природа од стереотипните гатачки и вештерски магии. За луѓето тогаш немало поделба помеѓу натприродниот и физичкиот свет.

Работеле на решавање на секој проблем користејќи натприродни методи. Тоа значи дека постоело преклопување на медицината и она што се мислело дека е магија, односно овие два поими имале исто значење.

Ракописите во кои се објаснува како луѓето од тој период гледале на магијата се тешки за читање, иако во нив се објаснува поврзаноста помеѓу средновековната магија, медицината и религијата. Сепак, сите што се заинтересирани и сакаат подетално да дознаат за магијата што се користела во средниот век можат да го сторат тоа на веб-страницата „Transcribing Faith“. Ова место содржи ракописи кои имаат уникатни писанија и не можат да се пронајдат на друго место.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот