Замислете да поминете целиот живот без да стапнете на земја – за жителите на Чонгкинг, најнаселениот град во светот, тоа е реалност. Овој таканаречен „сајбер-панк град“, сместен во Југозападна Кина, изгледа како сцена од научнофантастичен филм, особено навечер кога блеска со неонски светла и модерна архитектура. Негова најголема атракција се железничките пруги што минуваат директно низ згради.
Чунгкинг е една од четирите општини под директна управа на кинеската влада, заедно со Пекинг, Шангај и Тјенцин. Иако по површина е најголемиот град во светот, нема најголема урбана област. Оваа метропола со над 30 милиони жители е толку уникатно изградена, што многумина минуваат години без да ја допрат земјата.
Познатиот тиктокер „Хју Чункинг“ опишува како во градот е невозможно да се знае на кој кат се наоѓате.
- Стоите на плоштад и мислите дека сте на приземје, но одеднаш сфаќате дека сте на 22. кат. Влегувате во лифтот, тој покажува дека сте на 12. кат, одите на 8. кат и излегувате директно на улица - објаснува тој.
Друг тиктокер, Џексон Лу, се обидел да стигне до земјата, но дури и приземјата на некои згради се всушност десетина ката над земјата. Во Чунгкинг не е невообичаено покривите да се користат како плоштади, бензински станици и јавни институции.
- Ништо не може да ве подготви за ова лудило. Она што изгледаше како приземје всушност беше тераса на деловна зграда, која се спушташе длабоко во долината - вели новинарот Оливер Вејнрајт од „Гардијан“, кој го посетил градот. За да стигне од едно до друго место, морал да користи стрмни скали, движечки скали, мостови и лифтови што се издигнуваат над карпи.
Извор:
Net.hr
Фото:
Wikipedia