X
 22.07.2019 Живот

Откриени желки што светат во мрак

Поморските биолози околу Соломонските Острови откриле вид на желки кои светат во мрак и имаат невообичаена способност за биофлуоресцентост.

Желките емитуваат светлина во различни бои, како зелена и црвена. Биофлуоресцентноста се проучува само десетина години, а ова е прво откривање на желки од видот Eretmochelys imbricata во регионот на Соломонските Острови.

Тимот биолози не знае со сигурност зошто желките ја поседуваат оваа единствена способност, но се знае дека други видови ја користат за меѓусебна комуникација или за камуфлажа.

Поморскиот биолог Александер Гаос вели дека биофлуорецентноста често може да се забележи кај коралите, така што е можно желките да ја имаат оваа особина за да се вклопат во околината.

Следниот чекор во разбирањето на другите нивни способности ќе биде проучувањето на очите на желките за да утврдат дали тие всушност ги гледаат флуоресцентните бои кои ги емитуваат.

Тимот биолози ќе ја проучи и хемиската реакција во желките за да утврди што ја предизвикува флуоресцентноста.

Научниците на Филипините се надеваат дека ќе најдат уште примероци од истите биофлуоросцентни желки во водите во околината.

Ова единствено откритие лесно би можело да доведе до огромни откритија кај другите животни, кои имаат непознати способности.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот