X
 15.03.2017 Наука

Научници случајно ја откриле првата флуоресцентна жаба

Под нормално светло, жабата има зелена и меѓа боја со црвени точки, но под УВ зраци жабата свети со флуоресцентна зелена боја. Таа појава е исклучително ретка за копнени животни.


фото извор: rts.rs

Истражувачите утврдиле дека од јачината на светлината зависи колку жабата ќе свети – нејзиниот флуоресцентен одсјај може да варира помеѓу 19 и 29 проценти јачина. Своето откритие фо објавиле во „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

„Нашето откритие ја покажува можноста дека и другите водоземци можат да бидат флуоресцентни, а посебно оние со тенка кожа “, истакнува Марија Габриела Лагорија, научник од универзитетот во Буенос Аирес.

Во разговорот за списанието „Nature“, научниците кои ја откриле флуоресцентната жаба, изразиле надеж дека откритието ќе ги инспирира другите да продолжат со истражување на феноменот. Тие им порачале на научниците да не одат на терен без УВ ламба.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука