X
 22.07.2021 Живот

91-годишна баба го користи „Мајкрософт пејнт“ на начин кој би ги изненадил и неговите девелопери

Никогаш не е доцна да почнете да учите нова вештина или да се занимавате со ново хоби. Учењето не застанува и не завршува веднаш по средното образование или факултетот, а 91-годишната баба Конча Гарсија Заера од Шпанија е жив доказ за тоа.

Неверојатно талентираната уметница од Валенсија ги воодушеви интернет-корисниците со нејзините неверојатни детални уметнички дела направени во „Мајкрософт пејнт“. Сите сме поминале доста време на „Пејнт“ како деца, но мал дел од нас успеале да ги усовршат своите вештини за оваа програма.



Конча почнала да го користи „Пејнт“ пред повеќе од една деценија откако нејзиниот сопруг се разболел и подоцна починал. Нејзиното семејство ѝ подарило компјутер, па таа почнала да го поминува времето на „Пејнт“.




- Немам имагинација, па инспирација добивам од разгледниците што ми ги испраќаше сопругот или цртежите што ги наоѓам и ми се допаѓаат - вели Конча.

Потребни ѝ се околу две недели да заврши едно уметничко дело. Друго што дополнително ја инспирира е нејзиниот роден град Валенсија. Нејзината љубов кон градот навистина може да се забележи во деталите од нејзините уметнички дела.



Конча е скромна во однос на нејзините вештини и верува дека нејзините цртежи се едноставни работи, па не може да сфати зошто привлекуваат толку големо внимание.

Извор: Bored Panda
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот