X
 09.01.2017 Живот

Кога ќе остарите, ќе сфатите колку ви е потребно да имате дете

Можеби сега, вака стара и неискусна во врска со деца, ќе звучи премногу себично, но кога ќе остарите тогаш ќе сфатите колку ви е потребно да имате дете.

- Ви се обраќам тажна и скршена, заради непрежалената желба да имам дете. Но, го немам. Чекав предолго.

Со овие зборови ја започнала својата приказна повозрасна госпоѓа за која раѓањето дете веќе не е можно, госпоѓа која половината од својот живот знаела дека никогаш нема да има дете, а другата половина жалела за тоа. Сега, сака да ја сподели својата порака:

- Драги девојки – немојте да допуштите и за вас да биде доцна. Денес барем имате многу можности за на свет да донесете дете, свое дете, кое ќе го сакате повеќе од што и да е на овој свет и кој ќе ви пружи рака кога ќе остарите. Мојата приказна почна одамна, веќе ќе наполнам 65 години. Живеам сама со моите две кучиња. Некогаш тоа беше мој сон кој го живеев како самостојна жена која во тоа време беше една од ретките која се осуди да живее живот на несовладлива девојка чија желба беше да има кариера, па патува по светот и да се забавува. Да живее со полни гради без никакви синџири и окови кои ќе ја запрат. Но, тогаш го немав ова знаење кое го имам денес.

Немам никој околу себе да ми помогне. Бидејќи бев себична, бидејќи мислев дека не ми требаат деца. Кога пријателите ќе ви се раселат по светот, кога роднините се уште постари од вас, кога немате кој да се погрижи за вас, сфаќате колку сте изгубиле. Додека не е доцна, родете дете, кое е логично продолжение на нашите животи. Не го чекајте совршениот момент ни совршениот парнер. Кучето не може да ви зготви ручек, да ве одведе на лекар. Тоа ќе ве гледа со обожавање, но вам ви е потребен некој за да се грижи за вас кога нема да можете самите.

Сама сум виновна за тоа што сум сама, но сетете се на зборовите на една баба – сите девојки кои создаваат кариера и веруваат дека најдобро е да се роди дете подоцна во животот, нека ме послушаат пред да биде предоцна. Не дозволувајте да си наштетите самите на себе.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот