X
 22.08.2018 Живот

Ако ве интересираше кои се, еве ги најдосадните професии на светот



Агенцијата „Emolument“ минатата година спроведе истражување на над 1.300 вработени лица во вкупно десет земји за да дознае кој најмногу се досадува на работното место, односно да ги открие најздодевните професии.


Човек се држи за глава врз лаптоп
(Фото: Pixabay)


Листата изгледа вака:

1.    Правни работи
2.    Управување со проекти
3.    Функции на поддршка (техничка и други)
4.    Финансиски надзор
5.    Консултации и сметководство
6.    Финансии и банкарство
7.    Инженерство
8.    Продажба
9.    Маркетинг и комуникации
10.    ИТ
11.    Човечки ресурси
12.    Образование
13.    Извршно раководство
14.    Работи поврзани со истражување и развој

Иако на скалата се најдоа добро платени работи, сепак, се чини дека парите не гарантираат целосно задоволство од работата. Дури осум од десет вработени рекле дека се досадуваат на работа, додека од оние професии што биле вклучени во анализата, најмалку се досадуваат оние што се занимаваат со истражување и развој.

Истражувањето покажа и дека функцијата во компанијата не влијае врз нивото на досадување, еднакво се досадуваат и директорите и оние на пониски функции.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот