Топењето на ледените плочи ја забавува Антарктичката циркумполарна струја, најсилната океанска струја во светот, откриле истражувачите. Ова топење има последици врз глобалните климатски индикатори, вклучувајќи ги и порастот на нивото на морето, затоплувањето на океаните и одржливоста на морските екосистеми.
Истражувачите од Универзитетот во Мелбурн и Норвешкиот истражувачки центар НОРЦЕ покажале тековно забавување на океанските струи за околу 20 отсто до 2050 година, во сценарио со високи емисии на јаглерод.
Овој прилив на свежа вода во Јужниот Океан се очекува да ги промени својствата, како што се густината (соленоста) на океанот и неговите шеми на циркулација.
Истражувачите од Универзитетот во Мелбурн - вонредниот професор Бишахдата Гајен, климатскиот научник д-р Таимур Сохаил и океанографот д-р Андреас Клокер од Норвешкиот истражувачки центар, анализирале симулација на океански и морски мраз со висока резолуција на океанските струи, пренесувањето на топлината и други фактори, за откривање на влијанието од промената во температурата, количината на сол и ветрот.
- Океанот е исклучително сложен и фино избалансиран. Доколку овој „мотор“ се расипе, може да има сериозни последици, вклучително и поголема климатска варијабилност, со поголеми екстреми во одредени региони и забрзано глобално затоплување, поради намалувањето на капацитетот на океанот да дејствува како јаглерод - истакнал вонредниот професор Гајен.
Антарктичката циркумполарна струја работи како бариера за инвазивните видови, како што се големите кафеави алги што се движат по струите, или животните кои се пренесуваат преку морски пат, како ракчињата или мекотелите, од другите континенти што стигнуваат до Антарктикот.
Како што струјата забавува и слабее, постои поголема веројатност таквите видови да се пробијат на кревкиот антарктички континент, со потенцијално сериозно влијание врз мрежата на храна, што може, на пример, да ја промени достапната исхрана на антарктичките пингвини.
Повеќе од четири пати посилна од струењето на заливот, оваа струја е клучен дел од светската „подвижна лента на океанот“, која ја движи водата низ светот - поврзувајќи ги Атлантскиот, Тихиот и Индискиот Океан - и е главниот механизам за размена на топлина, јаглерод диоксид, хемикалии и биологија низ овие океански басени.
Истражувачите го користеле најбрзиот австралиски суперкомпјутер и симулатор за клима ГАДИ, лоциран во Националната истражувачка инфраструктура „Аксес“ во Канбера. Основниот модел (ACCESS-OM2-01) е развиен во текот на неколку години од австралиски истражувачи од различни универзитети. Проекциите истражени во оваа анализа откриле дека транспортот на океанската вода од површината до длабочината, исто така, може да забави во иднина.
Д-р Сохаил истакнал дека се предвидува оти забавувањето ќе биде слично на сценариото за пониски емисии, под услов топењето на мразот да се забрза како што е предвидено во други студии.
-Парискиот договор од 2015 година имаше цел да го ограничи глобалното затоплување на 1,5 Целзиусов степен над прединдустриските нивоа. Многу научници се согласуваат дека веќе ја достигнавме оваа цел од 1,5 степен и веројатно ќе стане пожешко, со влијанија од протокот врз топењето на мразот на Антарктикот - порача д-р Сохаил.
Истражувањето открива дека влијанието на топењето на мразот и затоплувањето на океаните врз Антартичката циркумполарна струја е покомплексно отколку што се мислеше.
- Топењето на мразот исфрла огромни количества свежа вода во солениот океан. Оваа ненадејна промена на океанската „соленост“ има низа последици - вклучително слабеење на потонувањето на површинската океанска вода до длабочината (наречена антарктичка долна вода) и, врз основа на оваа студија, слабеење на асоцираното или посилното опкружување на океаните - изјавил Гајен.
Новото истражување е во спротивност со претходните студии кои посочуваа дека струјата може да се забрзува поради поострите температурни разлики во различни географски широчини на океанот, предизвикани од климатските промени, додал тој.
- Моделите на океаните историски не беа во можност соодветно да ги решат процесите од мали размери кои ја контролираат моменталната сила. Овој модел ги решава таквите процеси и покажува механизам преку кој се предвидува Антартичката циркумполарна струја всушност да забави во иднина - заклучил Гајен.
Извор: phys.org
Фото: Freepik