X
 22.08.2022 Живот

Нашата тениска надеж Калин Ивановски го освои првиот професионален трофеј

Нашиот млад и талентиран тенисер Калин Ивановски го освои првиот трофеј во професионалната кариера откако триумфира на ИТФ турнирот од серијата М15 во Монастир, Тунис. Осумнаесеттгодишникот во финалето го победи Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина со 1:2 во сетови (6-4, 4-6, 1-6).

За Ивановски ова беше првиот трофеј во професионалната кариера, бидејќи до пред неколку месеци се натпреваруваше во јуниорска конкуренција. 18-годишникот се наоѓа на 1.074. место на АТП ранкингот, сега го очекува скок, а иднината изгледа светла за ова младо момче.

Во финалето на турнирот, кој се играше за награден фонд од 15.000 долари, Ивановски славеше во меч што траеше 2,5 часа, со што направи пробив меѓу најдобрите 1000 тенисери на АТП-листата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот