X
 22.09.2019 Живот

Десет жени од исто семејство заболеле од рак на дојка и ја победиле болеста!

Имаат помеѓу 48 и 81 година, а велат дека ја победиле оваа болест благодарение на здружените сили.

Првата жена од семејството на која ѝ бил дијагностициран рак има 78 години, а дијагнозата ја добила во 2002 година, додека последната жена од семејството почнала со лекување во 2017 година. Сите 10 жени доаѓаат од истото семејство. Сега ниту една повеќе нема рак, а тоа одлучија да го прослават правејќи заеднички календар.

- Дури и во најлошите денови знаевме дека постои надеж и живот. Фактот дека ние десет тоа заедно го поминувавме исто така беше од голема помош. Многу сме блиски сите во семејството и тука сме една за друга. Сите го победивме ракот како семејство и заедно го споделивме искуството - рече Ванеса Хау, која за дијагнозата дознала во 2015 година.

Ширли Лимб за својата дијагноза дознала во 2008 година, а како што вели, оваа болест уште повеќе ги зближила.

rak

Џејн Рисон превентивно отишла на преглед и мамографија, и таму ѝ била откриена болеста.

- Со оглед на тоа што знаев колку членови од семејството имаа рак, знаев дека е важно да одам на редовни прегледи - рече таа.

Нивниот семеен календар ќе се најде во продажба наредниот месец, а целиот приход ќе биде за хуманитарната организација „Брест кенсер кер“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот