Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2026 година изнесува 48.499 денари, објави Државниот завод за статистика.
Во јули 2026 година, во споредба со јули 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7,1 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување за 10,7 %, снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 10,4 % и дејности во врска со недвижен имот за 9,6 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: стручни, научни и технички дејности за 4,3 %, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,2 % и градежништво за 2,3 %.