X
 22.11.2023 Живот

Откриено вистинското име на Бенкси? Необјавено интервју од 2003 година го открива идентитетот на уметникот

Изгубено интервју на Би-би-си со Бенкси, едно од најраните познати радиоинтервјуа, го открива идентитетот на овој таинствен уметник.

Славниот уметник Бенкси навидум го открива своето вистинско име во интервју од 2003 година.

Интервјуто, кое досега не беше објавено, првпат се споделува како дел од специјалната епизода посветена на Бенкси, наречена „Приказната за Бенкси“ на Би-би-си радио 4.

Познатиот уметник, кој со децении остана анонимен, разговара со поранешниот дописник на Би-би-си за уметност Најџел Вренч, во пресрет на отворањето на шоуто на Бенкси во 2003 година во источен Лондон.

Вренч прашува дали може да го искористи вистинското име на Бенкси во интервјуто, наведувајќи дека весникот „Индепендент“ веќе го користел во минатото, барајќи од уметникот да потврди дали неговото име е Роберт Бенкс.

- Роби - појаснува Бенкси.

Бенкси отсекогаш избирал да го зачува својот идентитет, што му овозможи да ја продолжи својата уметност без ограничувањата на славата. Тоа е анонимност која служи и како средство за заштита од полициско гонење.


Основачот на „Масив Атак“, Роберт дел Наја, познат и по неговиот псевдоним 3Д, исто така е уметник и еден од најпопуларните кандидати за Бенкси. Корелацијата помеѓу датумите на концертите на бендот и новите уметнички дела претходно им даде на обожавателите и на аматерските стручњаци причини да веруваат во тоа.

Други сценарија ги вклучуваат Џејми Хјулит, коосновач на бендот „Горилаз“; Робин Ганингем, жител на Бристол; Нил Бјукенан, водител на неколку детски уметнички емисии на британската телевизија, кој за време на пандемијата беше принуден да објави изјава во која ја негира неговата вмешаност со личноста на Бенкси; и можноста тоа да биде колектив на уметници наспроти само еден човек.

Извор: Euronews.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот