X
 22.12.2019 Технологија

Европејците прават по 597 селфиња годишно

Влегуваме во 2020 година, а самобендисаноста е јасно истакната. Доказ за тоа е и неодамнешна анкета на компанијата „Хонор“, која покажува дека Европејците прават повеќе селфиња од кога и да е.

Оваа компанија испитала 5.750 Европејци за нивното селфи-однесување и утврдила дека тие прават по просечно 597 селфиња годишно. Шпанците прават најмногу селфиња - просечно 728 годишно. Италијанците се на второто место со 718, а Германците го заземаат третото место со 588.

Луѓето во Франција секоја година просечно прават по 562 селфиња, додека Холанѓаните 520 и Британците 468.

Во Велика Британија и во Холандија мажите ги надминуваат жените во бројот на селфиња што ги прават. Таму мажите прават 11 селфиња секоја недела, во споредба со 9 колку што прават жените. Се очекува во текот на идните години бројките да се зголемуваат.

Од „Хонор“ истакнуваат дека луѓето на возраст меѓу 16 и 29 години прават 16% повеќе фотографии со паметните телефони за разлика од луѓето постари од 30 години. Тоа посочува дека следната генерација исто така ќе биде страсна за фотографирање.

И тука се наметнува прашањето: Што прават луѓето со нивните селфиња?

Фото: Unsplash

Според компанијата, околу 45 отсто ги споделуваат со пријателите и фамилијата на социјалните мрежи.

Меѓу трендовите поврзани со селфињата е и споделувањето автентична содржина. Испитувањето открило дека 63 отсто од испитаниците на возраст помеѓу 16 и 29 години прават селфиња во природна состојба, додека во Шпанија 73 отсто од луѓето се придружија на трендот за споделување фотографии без филтри. Процентот на Италијанци што велат дека не користат филтри е 71, додека во Франција 68.

Исто така, селфињата стануваат полични, па луѓето ги споделуваат и добрите, и лошите, и грдите работи од нивното секојдневие.

Колку селфиња правите вие секој ден?
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија