X
 22.12.2023 Живот

Преполни сали, воодушевени деца и родители на вчерашната премиера на „Звуците на Новата година“

Синоќа во „Синеплекс“ се одржа премиерата на новогодишниот цртан филм „Звуците на Новата година“. Биби и Боби повторно ги воодушевија децата. Во преполна сала со родители и деца се слушаа радосни детски гласови, импресионирани од ликовите и содржината на филмот.

Дечињата го гледаа филмот со големо внимание за да дознаат што се случува со звуците на Новата година, зошто ниедна мелодија не е како што треба, зошто се испревртени зборовите во сите песни во целата бесконечна вселена, а особено ги интересираше на кој начин Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1 и мистериозните чувари на Заз ќе ја спасат целата музика во универзумот.



Голема е среќата кога вашите деца целосно уживаат, а истовремено преку забава и песнички се едуцираат. Токму затоа, лавина позитивни коментари има и од родителите, кои се особено задоволни од целата приказна и едукативна содржина на филмот.

Заслужни за ова ремек-дело се режисерите Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска и Дамјан Цветановски кои ги позајмуваат гласовите, а за музиката се погрижи Ангел Ќосев.



Премиерни проекции на „Звуците на Новата година“ вчера имаше низ многу други градови во Македонија.

Филмот ќе се прикажува во „Синеплекс“ и „Милениум“, но исто така „Звуците на Новата година“ ќе патува низ цела Македонија и тоа, - „3Д Кино“ Битола (22, 25 и 27.12.2023), „Мис Стон“ Прилеп (22.12.2023), „Дом на култура Гевгелија“ (23.12.2023), „Дом на култура Свети Николе“ (21, 22 и 25.12.2023), „Дом на култура Пробиштип“ (26.11.2023), Дом на култура - Богданци (25.12.2023), „Дом на култура Охрид“ (29.12.2023) и „Кино Манаки“ Битола (22, 23 и 24.12.2023).



За претстојните викенди (23.12, 24.12, 30.12 и 31.12.2023), од 12:00 до 16:00 часот, пред киносалата „Синеплекс“ тимот на „Светот на Биби“ подготви бесплатни IQUP работилници со детски друштвени игри, научни експерименти и уште многу други изненадувања.

Картите се пуштени во продажба од 18.12.2023 и веќе ако сѐ уште не го обезбедивте своето место за да погледнете како Биби и Боби заедно со своите пријатели ќе ја спасат целата музика на светот, побрзајте и веднаш купете карта.




Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот