X
 18.02.2020 Култура

Откријте ги тајните на планетата Заз во новото издание од „Светот на Биби“

Време е да се запознаеме со татковината на Зази – планетата Заз. За миленичето на Биби, кое сите дечиња го сакаат и им е интересно, малку знаевте досега. Но, во новата сликовница „Тајните на планетата Заз“, во која се вклучени активности, ќе научите за тајните на планетата Заз и за другарчињата на Зази. Биби и Боби овој пат ќе бидат исправени пред нова мисија и самите ќе се изненадат што ќе научат. Каква ли тајна моќ има зазулчето?



Ќе дознаете повеќе во новата сликовница, која веќе може да се најде во онлајн-продавницата svetotnabibi.mk, како и во катчето на Биби во Градскиот трговски центар (I кат), веднаш до ресторанот „Џино“ и во сите поголеми книжарници во земјава.

Автор на сликовницата е Билјана С. Црвенковска. За илустрациите се погрижија Магдалена Тофиловска и Горан Мрвиќ. Арт-директор и дизајнер на корицата е Михајло Димитриевски - Тхе Мичо.

На 23 февруари во 19 часот на јутјуб-каналот на Биби ќе можете да ја проследите и премиерата на анимираната сказна „Тајните на планетата Заз“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура