Владата на Австрија доделува стипендии за краток истражувачки престој на меѓународни студенти за сите нивоа на студии. Времетраењето на студискиот престој треба да биде од еден до четири месеци.
Во овој период студентите ќе добиваат месечен надомест од 1.050 евра, здравствено осигурување од 55 до 200 евра, сместување и грант за патни трошоци. Пријавувањето трае до 1 септември.
Повеќе информации може да најдете
овде.