X
 23.03.2022 Економија

Што друго извезува Русија освен нафта и пченица?

Русија го забрани извозот на над 200 производи како реакција на санкциите воведени од страна на западните земји. Што точно извезува Русија? Медиумите се фокусираат на нафтата и гасот кои го извезува земјата, но таа извезува и други производи.

Најмногу е извезувана нафтата, носејќи ѝ на државата 123 милијарди долари приходи, според податоци од 2019 година. Следен значаен извозен производ е рафинираното гориво како бензин и дизел, па следуваат гасот и јагленот.

Русија е и најголемиот извозник на пченица во светот. Биле заработени 8,14 милијарди долари од извезена пченица во 2019 година. Русија е и голем извозник на полуготово железо, што вклучува производи кои се користат за производство на железни стоки. Земјата извезува и никел и ѓубрива базирани на азот.


Фото: Pixabay

Во моментов не е забранет извозот на енергетски и сурови материјали, како металите. Според некои медиумски извори, бил стопиран извозот на дрво во држави што презеле непријателски акции кон Русија. Забраната на извоз ги вклучува телекомуникациската, медицинската, автомобилската, земјоделската и електричната опрема.

Кога станува збор за суровите материјали, Русија е втор најголем извозник на кобалт, еден од клучните елементи што се користи при изработка на батерии на полнење. Русија е и втор најголем извозник на ванадиум, што се користи за складирање енергија во големи размери и во производството на челик.

Државата е шести најголем извозник на злато и десетти најголем извозник на олово. Русија е и значаен извозник на платина, волфрам, манган, цинк и бакар.


Фото: Pixabay

Кој ги купува производите на Русија?

Кина е главен увозник на руските производи, односно купува околу 14,9 отсто од рускиот извоз според вредноста. Следува Холандија, а други големи увезувачи на руски производи се Обединетото Кралство, Германија и Белорусија.

Кога станува збор за пченицата, Русија и Украина заедно снабдуваат околу една третина од целата пченица во светот. Најголемите купувачи на руската пченица се Египет и Турција.

Извор: World economic forum 
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија