X
 27.12.2021 Технологија

Полициски дронови ќе се испраќаат на места каде што има истрели

Полицијата во Израел наскоро ќе има автономни дронови кои ќе летаат до локации каде што се детектирани истрели, стои во ново соопштение од компанијата „Шот Спотер“. Компанијата со седиште во САД веќе создава контроверзен производ кој користи акустични сензори за да детектира истрели и да ја предупреди полицијата, а сега влегува во соработка со компанија наречена „Ероботикс“ за да создаде дронови што одговараат на нереди.

- „Ероботикс“ верува дека интегрирањето со „Шот Спотер“, лидерот во детекцијата на истрели, ќе обезбеди подобро технолошко решение за справување со ваквите прекршоци во Израел - истакна Меир Клинер, извршен директор на „Ероботикс“.

Тој додаде дека партнерството е уште еден чекор во стратегијата на компанијата за проширување на доменот на активностите преку нудење решенија за итни реакции, безбедност и летање во урбани области.

Сепак, концептот не помина без критики. Неодамна американските медиуми известија дека полицијата во Денвер користи „Шот Спотер“, но не може да докаже дека всушност е намалено насилството. Новите бројки покажуваат дека алармирањата на „Шот Спотер“ се зголемиле за 25 отсто во споредба со лани, но бројот на апсења се зголемил за само 2 отсто. Технологијата била распоредена во повеќе од сто града низ светот и Денвер не е единствениот што пријавил проблеми со неа.

Тешко е да се замисли дека користењето на оваа технологија на дрон ќе ги реши проблемите со бројот на апсења и на реакции, кој е далеку од идеален, но останува да видиме што ќе ни донесе иднината.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија