X
 23.04.2019 Живот

Од идната година Порторико веќе нема да гори јаглен

Порторико планира да ги затвори електраните на јаглен до следната година.

Гувернерот на Порторико, Рикардо Росељо, неодамна потпиша закон со кој островот се става на пат целосно да се ослободи од необновливите извори на енергија до 2050 година - охрабрувачки знак дека по ураганот „Марија“ земјата планира одново да ја изгради инфраструктурата за да може да биде што е можно попријателски настроена кон околината.

Според новиот закон, електраните на јаглен ќе бидат укинати во 2020 година, а сите други погони што горат јаглен ќе бидат елиминирани во 2028 година. Во меѓувреме, земјата, која во 2017 година само 2 отсто од енергијата ја црпела од обновливи извори, до 2025 ќе достигне 40 отсто, а до 2050 година 100 отсто.

- Сигурен сум дека ова ќе биде најбрзата транзиција кон обновливи извори што се случила каде било на планетата. Да преминете од денешните 2 на 40 отсто за 5 години ќе биде најголемиот предизвик со кој индустријата на обновлива енергија некогаш се соочила, дополнително на предизвикувачката политичка ситуација и предизвикувачката финансиска ситуација - истакна П.Џ. Вилсон, претседател на Асоцијацијата за соларна и складирање на енергија на Порторико.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот