X
 23.07.2020 Живот

215 км и 8,5 часа во воздух! Гацевски постави нов рекорд за најдолг лет со параглајдер!

Александар Гацевски вчера запиша нов датум во историјата на параглајдерството во Македонија. Авантуристот за кој Факултети.мк вчера пишуваше успеа да прелета 215 км!, што е за 67,3 километри повеќе од претходниот рекорд што го постави пред две недели.

Овој пат Гацевски леташе 8,5 часа на релација Тетово – Љуботен – Трпејца – Охрид.

- Оваа релација ми беше во глава некое време и многу сакав да ја реализирам. Летање над 200 км досега не им успеало и на странци што дошле во Македонија. Не можев да спијам од возбуда! - вели Гацевски.

Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот