X
 23.09.2026 Живот

Каде живеат програмерите?

„Вижуал капиталист“ во соработка со компанијата „Адоби“, ги рангира 10. најголеми глобални заедници на програмери во 2025 година и ја спореди нивната големина со 2020 година, покажувајќи колку брзо растела секоја заедница.

САД ја имаат најголемата светска заедница на програмери, со 28 милиони програмери во 2025 година, што е силен пораст во споредба со 10,2 милиони во 2020 година.

Индија е втора со 21,9 милиони програмери. Нејзината заедница на програмери значително порасна од 4,5 милиони во 2020 година. Кина е трета со 10,7 милиони програмери, што е помалку од половина од вкупниот број во Индија. Следува Бразил со 6,9 милиони, додека Велика Британија ги заокружува првите пет со 4,9 милиони.

Јапонија, Германија и Индонезија имаат помеѓу 4,4 и 4,5 милиони програмери. Русија и Канада ја заокружуваат табелата со 4,2 милиони, односно 3,5 милиони.


Visual Capitalist
Заедницата на програмери во Индија најбрзо расте

Индија забележа најбрза петгодишна стапка на раст меѓу 10. прикажани земји.

Нејзината заедница на програмери растеше со сложена годишна стапка на раст од 34,4 % помеѓу 2020 и 2025 година. Исто така, се предвидуваше дека до 2028 година ќе ги престигне САД како најголема заедница на програмери во светот.

Бразил беше веднаш зад неа со 33,3 %, па слеуваше Индонезија со 33,2 %.

Јапонија, исто така, забележа силен годишен раст од 28,0 %. За споредба, заедницата на програмери во САД растеше за 21,0 % годишно. Кина забележа најбавен раст меѓу рангираните земји, со 10,8 %.



Извор: mreza
Фото: magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот