X
 23.10.2023 Живот

Хотел им овозможува на гостите да си го паркираат автомобилот на балконот од нивната соба

Хотелот „Би мајн“ (b'Mine), кој се наоѓа на аеродромот во Франкфурт, им дозволува на гостите да ги паркираат своите автомобили на балконот. Тие имаат приватен паркинг, а до нивните соби може да стигнат со автомобил користејќи лифт.


Фото: b'Mine

Гостите можат да уживаат во погледот на околината, но и на своите автомобили. Кога ќе пристигнат во хотелот, тие се пријавуваат, ја земаат картичката и потоа возат зад хотелот.


Фото: b'Mine

На располагање им се два лифта во кои можат да влезат со автомобил и на саканиот кат да излезат директно на нивниот приватен балкон, кој е и паркинг-простор.


Фото: b'Mine

Местото за паркинг е доволно големо за да собере повеќе различни модели на европски автомобили. Достапни се и полначи за сопствениците на електрични автомобили.

Извор: Klix
Насловна фотографија: b'Mine
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот