Компанијата „Ванарама“ спровела интересно истражување во кое, користејќи математика, наука и златниот пресек, се обидела да открие кој автомобил има најлош естетски дизајн.
Секој автомобил бил оценет врз основа на два клучни фактори на дизајнот: вкупните димензии на возилото и визуелните пропорции, односно како нашите очи ги доживуваат облиците и линиите на автомобилот, пишува „Ванарама“.
Истражувањето ги анализирало пропорциите кај 50 модели на автомобили, земајќи ги предвид меѓуосовинското растојание, должината, но и клучните дизајнерски карактеристики – распоредот на светлата, ознаките и деталите на каросеријата.
Се разбира, не бил заборавен ниту златниот пресек - пропорцијата што нашите очи несвесно ја препознаваат како најубава и најхармонична. Автомобилите што биле најблиску до златниот пресек добиле највисоки оцени.

Фото: Screenshot/YouTube
Најубави автомобили за секојдневна употреба
„Ауди А3“ - 83 бода - овој модел е оценет како најубав секојдневен автомобил, со висок број бодови што ја одразуваат неговата естетска усогласеност.
„Фолксваген голф“ и „воксхол мокa“ - 80 бода - двата модела го делат второто место, со слични оцени што укажуваат на нивниот привлечен дизајн.
„Бе-ем-ве серија 1“ - 78 бода - овој модел се истакнува со својот препознатлив изглед и високите оцени во истражувањето.
„Мерцедес бенц А-класа“ - 77 бода - елегантниот и софистициран дизајн на овој модел придонесува за неговата висока позиција на листата.
„Опел астра“ - 76 бода - овој модел нуди баланс меѓу функционалност и естетски изглед, што го прави популарен избор.
Во просек, германските брендови доминираат во категоријата најубави автомобили за секојдневна употреба, со просечни 77 бода.
Кои автомобили поминаа најлошо?
Најгрди автомобили за секојдневна употреба
„Киа пиканто“ - 7 бода - овој модел е оценет како најгрд, со значително понизок број бодови во споредба со конкуренцијата.
„Ситроен C1“ - 12 бода - иако популарен, овој модел не се истакнал во естетска смисла според истражувањето.
„Киа спортејџ“ - 15 бода - овој автомобил е оценет како трет најгрд, и покрај својата функционалност и популарност.
На дното на листата се најде „киа пиканто“ со само 7 од 100 поени, бидејќи според анализата е „светлосни години“ далеку од златниот пресек и затоа е помалку пријатен за окото.
Второто место го зазеде „ситроен C1“ со 12 поени, а третото уште еден модел на „Киа“ – „киа спортејџ“, со само 15 поени. Сепак, „спортејџ“ и понатаму е меѓу најпопуларните автомобили во Европа.
Со тоа, „Киа“ ја понесе „титулата“ за најгрд производител во ова истражување. Брендот добил просек од само 11 поени, додека „Ленд ровер“ има просечни 18, а „Фиат“ 22.
Најлошо оценетиот модел кај италијанскиот бренд бил „фиат 500“, иако овој автомобил и понатаму останува еден од најпопуларните.
Од друга страна, најдобро се покажале „ауди А3“, „фолксваген голф“ и „опел мокa“, кои според ова истражување се најпријатни за окото.
Извор:
021.rs
Фото: Screenshot/YouTube