X
 23.11.2019 Живот

Во „Тесла“ пронајдени метамфетамин, хероин и кокаин?

Илон Маск им се извини на вработените во „Спејс Екс“ за пушењето џоинт среде интервју, наведувајќи дека неговата компанија е место каде што нема дрога. Но, според полициски извештаи во кои групата „Плејн Сајт“ имала увид, гигафабриката во Невада, оперирана од „Тесла“ (другата компанија на Маск), е сè освен место во кое нема дрога, пренесува „Фјучуризм“.

Во извештаите се опишува околина во која работниците постојано оставале дрога на отворено. Во еден извештај со наслов „Можен хероин“ се опишува „кафеав шеќер“ најден на подот во собата за одмор во „Тесла“. Во друг е напишано за „мало кесе“ најдено во близина на работна станица, полно со бел прав, а тестирањата за кокаин биле позитивни. Во друг извештај, пак, се опишува инцидент во кој била вклучена торба со метамфетамин и цевка, исто така, најдени во соба за одмор.

Но, да бидеме начисто. Во „Тесла“ работат десетици илјади работници, па статистички е логично неколкумина да влезат во конфликт со законот.

Исто така, новообјавените документи не се првите знаци дека „Тесла“ има проблем со дрогата. Минатата година поранешен вработен во компанијата истакна дека компанијата не објавила за федерална истрага за операција за шверц на дрога во истата фабрика во Невада.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот