X
 29.05.2018 Технологија

Закерберг: „Еден неуспех не смее да биде аргумент за запирање на напредокот!“



Дали поради напредокот на технологијата и вештачката интелигенција ќе бидеме поздрави и ќе живееме подолго или, пак, како во научнофантастичните филмови, вештачката интелигенција ќе се сврти против создавачот и ќе тргне во пресметка со човештвото?


Илустрација - робот, вештачка интелигенција
(Фото: Pixabay)


Се разбира, работите не се толку црно-бели затоа што постојат многубројни позитивни и негативни страни на вештачката интелигенција и нејзиниот потенцијал за иднината, а моментално навистина е невозможно да се прогнозира каде ќе нè одведе овој развој.

Илон Маск, шефот на „Тесла“, компанија која се потпира токму на вештачката интелигенција во системот за автономно управување на возила, во повеќе наврати упати повик за внимателност кон можните девастирачки сценарија за развојот на вештачката интелигенција. Според него, а и според мислењето на многу други, вештачката интелигенција би можела да биде поопасна од нуклеарна катастрофа, иако се надеваме дека сепак ќе го избегнеме таквото сценарио.

При крајот на минатата недела, во текот на интервјуто на технолошката конференција во Париз, еден новинар го прашал шефот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, што мисли за негативните коментари поврзани со вештачката интелигенција и кој е неговиот став. За разлика од Маск, Закерберг беше попозитивен кон вештачката интелигенција и смета дека ќе доведе до многу позитивни работи – ќе помогне за побрзо поставување дијагнози и за лекување болести, ќе овозможи посигурно управување со возилата, ќе ги направи заедниците побезбедни и слично.

Сепак, двајцата се согласија околу влијанието на AI врз автономните автомобили – по првите несреќи со возилата управувани од компјутери со човечки жртви – Закерберг предупреди дека не смееме да бидеме премногу негативни кон развојот на технологијата. „Еден индивидуален неуспех на технологијата не може да биде аргумент за забавување на напредокот и развојот на технологијата и вештачката интелигенција, кои во иднина би можеле да ни донесат толку многу добри работи“.

Тој смета дека лицата што имаат негативен став кон натамошниот развој на технологијата „не му прават услуга на светот“ и мора да понесат одговорност за тоа, затоа што запирањето на напредокот во развојот на технологијата значи доцнење во пронаоѓањето лекови за болести, односно би значело одложување на појавата на побезбедни автомобили по патиштата.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија