X
 23.11.2025 Живот

Дали сте слушнале за „догфишинг“ - новиот тренд во онлајн запознавањето?

Светот на онлајн запознавањата станува сè покомплициран. Заборавете на „гоустингот“ и други трендови затоа што генерацијата З сега има нова интернет-измама на која треба да се внимава - „догфишинг“. Станува збор за феномен каде што мажи на своите профили објавуваат фотографии со кучиња кои всушност не се нивни, со цел да привлечат потенцијални партнерки. Целта е да се прикажат како грижливи, пријатни и привлечни, но зад секоја слатка фотографија на кученце се крие лага.

Што е точно „догфишинг“?

Терминот постои од 2019 година, но популарноста нагло порасна оваа година откако жените станаа повнимателни кон мажи кои лажно се претставуваат на апликациите за запознавање. Социјалните мрежи се преполни со предупредувања за „догфишери“, односно мажи кои користат туѓо куче за да привлечат внимание.

Зошто го прават тоа?

Во ера кога селфијата со златен ретривер веднаш привлекуваат внимание, „догфишерите“ знаат дека профилите со кучиња добиваат повеќе лајкови и внимание.

Меѓутоа, лајковите и почетните разговори се само врв на мразот. Кога разговорот се продлабочува, на пример, за омилената играчка на кучето или навиките при прошетката на кучето, „догфишерите“ брзо се доведуваат во проблем. Почетниот шарм исчезнува, а жената се прашува зошто нејзиниот потенцијален партнер избегнува разговор за кучето што требаше да ги поврзе.

Дали ова функционира?

На почетокот може да функционира. Манипулацијата ја користи универзалната привлечност кон животните за да создаде илузија на доверба и топлина. Но, таа фасада не трае долго. Вистинските љубители на кучиња брзо ги откриваат измамниците

Што да направите?

„Догфишингот“ е ново предупредување дека не сите на интернет се такви какви што се претставуваат. Во свет каде што апликациите за запознавање можат да бидат вистинско минско поле, жените учат внимателно да ги прегледуваат профилите и да откриваат дека не секој златен ретривер на фотографијата е вистински, а не е вистински ниту мажот што стои зад профилот.

Извор: Citymagazine.danas.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот