X
 23.12.2022 Живот

Студентска соба во „Пелагонија“ е деветтиот кандидат за најдобро украсена соба

Студентска соба во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје е деветтиот кандидат за најдобро украсена соба.

За да гласате за неа со лајк, отворете ја објавата на „Инстаграм“.



Факултети.мк и годинава реши да подари ваучер од 5.000 денари за најкреативните студенти што живеат во студентски дом. Читателите уште еднаш ќе ја изберат собата со најубави новогодишни декорации.

Единствените услови за учество се да нè заследите на „Инстаграм“: @fakultetimk и да ни испратите фотографии од вашата соба.

Испратете ни максимум 5 слики на redakcija@fakulteti.mk со следните податоци: број на соба, студентски дом и контакт. За секоја соба ќе објавиме посебен албум со фотографии на „Инстаграм“ и ваучерот ќе го добие онаа со најмногу лајкови.

Фотографиите и податоците може да се испраќаат до денес до 14 часот. Фотографиите што ќе бидат испратени подоцна од тој рок нема да влезат во конкуренција.

Напомена: Доколку некој се служи со алатки за собирање лајкови по вештачки пат, ќе биде дисквалификуван.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот