X
 24.01.2023 Живот

Како изгледаа југословенските стјуардеси?

Вообичаено, работата на стјуардесата речиси на сите им изгледа како работа од соништата, но другата страна на паричката не е толку волшебна. Иако имаат можност да го запознаат целиот свет и различни култури и луѓе, разделбата од семејството и блиските пријатели, како и опасните ситуации во авионот, се секојдневие во животот на жените што ја одбрале оваа професија.

И денес, првите асоцијации на многу луѓе за стјуардесите се насмевка, елеганција, совршено скроени костими, пунџа и црвен кармин. Покрај тоа, нивната личност мора да се карактеризира со смиреност, сталоженост, прибраност, љубезност. Сето тоа е зачинето со убав и негуван изглед, па не е ни чудо што некои од најубавите жени се занимаваат со оваа професија.

Бидејќи промените се случуваат со молскавична брзина, ни оваа професија повеќе не е иста. Една од првите стјуардеси на Југославија, Милица Лукиќ, која имала можност да лета со Јосип Броз Тито, открила дека обичните патници не гледаат многу работи. Сменила седум униформи и летала во различни авиони. А егзотичните дестинации ѝ биле на дофат на раката.



Имено, една летна вечер, минувајќи покрај канцеларијата на ЈАТ на тогашниот булевар „Револуција“ во Белград, помислила каква е работата на стјуардесата. Така почнала нејзината авантура, која траела повеќе од три децении. Таа била меѓу првите дами на територијата на поранешна Југославија што влегла во оваа професија, за која смета дека не е доволно ценета, со оглед на работите низ кои се поминува и колку тешки ситуации се среќаваат меѓу облаците. Таа често нагласувала дека дури по завршувањето на кариерата се запрашала како можела да го работи тоа.

За животот на стјуардесите раскажува и Кристина Грабеж, која шест години работела во странска авиокомпанија. Така, во една пригода ги открила најголемите маани на оваа работа, поточно причините поради кои девојките сфаќаат дека  не сакаат да работат како стјуардеси.



- Сите што сакаат да се занимаваат со оваа професија, ја сакаат до моментот кога ќе сфатат дека мора да чистат тоалети, да се будат во два по полноќ, да работат за време на сите празници... Треба да бидат подготвени за несакано флертување и претерана сексуализација на професијата, хронична несоница, губење на косата, зголемување на телесната тежина од храната на авиокомпанијата, изложеност на зрачење и вируси - вели Кристина.

Често може да се слушнат многу предрасуди кога станува збор за оваа професија. Една од најгласните е тоа дека денешните стјуардеси ги немаат убавината и харизмата што некогаш ги имале стјуардесите, туку дека се бледа копија.

Наместо тоа, природната убавина била ставена на прво место. Доказ за тоа се фотографиите од стјуардесите на ЈАТ во продолжение.

Извор: Stil.kurir.rs
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот