X
 05.03.2024 Живот

Бездомник комбинирал облека од контејнер и станал модна икона: Џемпер инспириран од него чини 1.500 евра

Од анонимен бездомник до модна икона со меѓународно познат стил, ова е приказната за Славик. Талкајќи низ улиците на Лавов, Украина, Славик бил и ќе биде откровение во светот на модата.

Сè започнало кога фотографот Јурко Џачишин го запознал Славик, човек од улица кој се истакнувал по одличното чувство за мода.

Поради тоа, Јурко одлучил подобро да го запознае Славик, доловувајќи го неговиот поинаков изглед повеќе од две години. Како што вели фотографот, облеката што ја носел бездомникот била пронајдена во ѓубре или во прифатилиште каде што луѓето ја донирале. Но, она што е интересно е што тој никогаш не ги повторувал комбинациите, често ја менувал фризурата, но и формата на брадата.

 
Откако Славик позирал за повеќе од 100 портрети, фотографот го создал проектот наречен „Модата на Славик“, достапен на веб-страницата diachishin.com и на инстаграм-профилот на фотографот.

- Славик има одлично чувство за убавина, стил и мода, а неговиот изглед не е случаен. Не е случајно тоа што го менува изгледот секој ден и внимателно го приспособува на временските услови и годишното време - вели фотографот.

Споделувајќи го својот изглед на „Инстаграм“, неговиот стил брзо почнале да го копираат големите брендови и меѓународно познатите дизајнери. Тие ги присвоиле ликот и креациите на Славик без негова согласност и најлошо, без заслуга и надомест.

 
Светски познатите експерти се интересирале за Славик, а за него пишувале и многу познати списанија, меѓу кои и „Вог“ и „Есквајр“.

Сепак, оваа приказна нема среќен крај. Во 2013 година Славик исчезна. Никој не знае каде отишол и никогаш повеќе не бил виден на улиците на Лавов. 10 години подоцна, приказната на Славик и понатаму е жива, а тој и понатаму служи како инспирација за многу луѓе. Џемперите инспирирани од него во моментов се продаваат по цена од 1.600 долари, што е речиси 1.500 евра.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот