X
 24.01.2023 Живот

Овој град е прогласен за најдобар во светот за 2023 година

Лондон е прогласен за најдобар град за 2023 година. Тој се најде на врвот на листата која ја креира консултантската куќа за недвижности и туризам „Ресонанс“ веќе седма година.

Лондон беше централна точка во светските вести повеќепати во 2022 година, иако повеќето настани беа немили. Меѓутоа, и покрај тоа, Лондон се наоѓа на врвот на листата со најдобри градови во светот. „Ресонанс“ се фокусира на шест категории при анализата на светските градови: местоположба, производ, програми, просперитет на луѓето и промоција.

Лондон е пофален за кулинарската индустрија, луксузните недвижности и врвниот туризам, меѓу другото. За Лондон се смета и дека го има најобразованото население на планетата.

На второто место на листата се најде Париз, а подолу се и Њујорк, Токио, Дубаи, Барселона, Рим, Мадрид, Сингапур и Амстердам.

Киев е прогласен за почесен најдобар град и е опишан како урбан светилник на храброста и отпорноста, и покрај војната која трае веќе 11 месеци.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот