X
 15.03.2025 Живот

Најпогодните градови за пешачење во светот

Живеењето во населба каде што продавницата, аптеката или клиниката се наоѓаат на само неколку минути пешачење не само што го олеснува секојдневието, туку и носи здравствени придобивки и поголемо чувство на поврзаност во заедницата.

Истражувањата покажуваат дека пешачките зони поттикнуваат поголема физичка активност, намалени стапки на дебелина и понизок индекс на телесна маса (БМИ), додека истовремено придонесуваат за поголема среќа преку социјални интеракции.

Оваа мапа ги прикажува 20. најпогодни градови за пешачење во светот, рангирани според просечното време потребно за пешачење до клучни места, како и процентот на жители што живеат во радиус од 15 минути пеш од нив.

град
Фото: Visual Capitalist

Кои се најпогодните градови за пешачење?


Подолу е листата со 20. најпогодни градови за пешачење, заедно со просечното време потребно за да се стигне до најважните содржини.

На листата доминираат европските градови: дури 45 од 50. најпогодни градови за пешачење се во Европа, распоредени низ Италија, Шпанија, Франција, Норвешка, Германија, Велика Британија и други земји.

Најпогодниот град за пешачење надвор од Европа е Кјото, Јапонија, кој се наоѓа на 28. место. Други неевропски градови што влегоа во топ-50 се: Тајпеј, Тајван (35. место), Катманду, Непал (45. место), Таичунг, Тајван (49. место) и Токио, Јапонија (50. место).

lista

Голем дел од европските градови биле изградени во време кога пешачењето било главно средство за движење, што резултирало со компактни урбани средини со тесни улички и блиска поврзаност меѓу станбените зони, продавниците и јавните простори.

Дополнително, многу европски држави активно ги поддржуваат пешачките зони преку стратегии како „Паневропскиот мастер-план“ за пешачење, кој преку урбани редизајни и национални политики им дава приоритет на пешаците.

Во споредба со тоа, северноамериканските градови, кои најчесто се дизајнирани околу автомобилите, целосно изостануваат од листата со најпогодни градови за пешачење.
Најдобро рангиран северноамерикански град е Ванкувер, Канада, кој се наоѓа на 53. место.

Извор: Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот