X
 24.03.2019 Наука

Луѓето стануваат сѐ поскептични кон науката

Луѓето од целиот свет стануваат сè поскептични кон науката, покажува нов извештај што ги анализира глобалните ставови на оваа тема.

Според Државниот индекс на наука за 2019 година спроведен од „3М“, кој вклучува одговори од 14.000 луѓе во 14 земји, 35 отсто од испитаниците изјавиле дека се скептични за науката, што претставува зголемување од 3 отсто од минатата година. Нешто повеќе од една четвртина од светот вели дека се сомнева во улогата на науката во наредните 20 години - овој број во САД се зголемил за една третина.

Ова може да се поврзе со фактот дека 45 отсто изјавиле дека тие само веруваат во науката што се совпаѓа со нивните лични верувања, со што предизвикуваат несвесен скептицизам.

И покрај оваа недоверба, „3М“ покажува дека 87 отсто од испитаниците изјавиле дека се возбудени поради напредокот на медицинската наука, а 71 отсто се надеваат на вселенски туризам.

Сепак, повеќето луѓе преферираат комуникација и однос со човек отколку со технологија: 74 отсто од испитаниците велат дека повеќе би сакале да имаат човечки асистент наместо робот. И покрај тоа што живееме во ерата на социјалните медиуми, 87 отсто претпочитале пет нови пријателства отколку да добијат 5.000 следбеници.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука