X
 24.04.2018 Живот

Земји каде што луѓето живеат најдолго

Низ вековите патниците го барале изворот со чудесна вода што го запирала стареењето и лекувала болести, ветувајќи вечен живот. Иако фонтаната на младоста не била пронајдена, луѓето денес живеат подолго од кога било.

Здравиот разум вели дека колку е поразвиена економијата, толку се поголеми шансите за долг животен век бидејќи тоа овозможува пристап до најдобрата здравствена заштита.

ОН во својот последен извештај ја истакнуваат долговечноста како еден од факторите за рангирање на најсреќните земји. Ова се земјите во кои луѓето живеат најдолго.

5. Израел


Исхраната која е под влијание на медитеранската кујна, силните семејни и културни вредности и моќниот здравствен систем ѝ помогнале на оваа земја да се најде на петтото место. Не треба да се игнорира и стапката на консумирање алкохол - една од најниските во светот.

4. Јапонија


Луѓето во Јапонија имаат најдолг животен век благодарение на постојаното подобрување на здравствениот систем, потрошувачката на свежа храна и активен животен стил. Експертот Ден Буетнер потсетува на островот Окинава што се нарекува „Остров на бесмртниците“, тврдејќи дека старите луѓе во Окинава имаат силно чувство за цел, икигаи, што значи: живот вреден за живеење.

3. Јужна Кореја


Жените во Јужна Кореја ќе бидат првите во светот со просечен животен век од 90 години. Научниците барале одговори и заклучиле дека станува збор за инвестиции во здравствената заштита, културата за здравјето и здравата исхрана поддржана од сеприсутниот неферментиран зеленчук.

2. Швајцарија


Земја на благосостојбата и просперитетот, со одличен здравствен систем. Организацијата за економска соработка и развој - ОЕЦД истакнува дека високиот квалитет на водата за пиење придонесува за поздрава популација.

1. Италија

Првото место им припадна на Италијанците благодарение на темпото на живот со кој се ценат слободното време, блиските семејни врски, честите прошетки и многу сонце, а сето тоа на жителите им помага да очекуваат долг живот. Жителите на Сицилија имаат исклучително редок генски фактор, маркерот М26 што се поврзува со долговечноста.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот