X
 24.05.2019 Живот

За сите вознемирени фанови по крајот на „Игра на троновите“, достапно е советување

Не е изненадување што некои од фановите имаат тешкотии да се справат со фактот дека заврши „Игра на троновите“. Серијата траеше 8 сезони и стана огромен дел од животите на фановите. Освен тоа, уште од премиерата на осмата сезона фановите не беа премногу возбудени од насоката во која се движеше серијата и како што се доближуваше крајот, така незадоволството растеше. Последната епизода од серијата имаше најниска оцена во историјата на серијата на IMDb.

Но, ако имате проблем да се справите со фактот дека е крај за „Игра на троновите“, постои услуга за советување на веб-страницата Bark.com, онлајн-платформа на која можете да најдете советник за „Игра на троновите“ кој ќе ги слушне вашите поплаки во врска со серијата.

- Професионалците ќе им помогнат да ги сфатат своите чувства и толкувања на серијата, што може да се движат од гнев и конфузија до тага и жал - пишува во описот на услугата.

tron
Фото: Helen Sloan, НВО

- Гледаме серии за да избегаме од секојдневниот живот и да навлеземе во „непознатото“ - вели Линет, советничка на оваа платформа.

- Ова е причината зошто понекогаш стануваме зависни од нив, приказните што тие ги кажуваат стануваат дел од нашиот идентитет - додава таа.

Постојат опции за резервирање 30-минутна или 60-минутна сесија, што се движи од 25 до 51 долар. Фановите можат да изберат сесија лице в лице, групна сесија или онлајн и може да одредат кои специфични проблеми ги имаат во однос на серијата.

Што ѝ велиме на анксиозноста поврзана со „Игра на троновите?“ Не денес!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот