Соседите понекогаш се исто толку важни за живот како и локацијата на станот или куќата во која живееме. Очигледно, населбата им игра улога и на психопатите бидејќи истражувањата покажале некои фактори кои ги привлекуваат ваквите личности.
Во истражувањето спроведено минатата година, експертите ја анализирале поврзаноста помеѓу природата и личностите кои ѝ припаѓаат на една од трите групи на „мрачни карактери“: психопати, нарциси и макијавелисти.
Според нивните резултати лицата со подобра ментална благосостојба и оние кои се поемпатични и се согласуваат со останатите се повеќе приврзани за природата.
Фото: Pixabay
Од друга страна, дури и претходни истражувања покажале дека психопатите и макијавелистите претпочитаат живот во градот и сакаат побрз животен стил.
Во истражувањето од 2020, истражувачите забележале дека овие личности можеби сакаат живот во град бидејќи густо населените места го олеснуваат однесувањето на луѓето со психопатски карактеристики кои може да ги манипулираат останатите без да бидат забележани.
Според анализата, нарцисоидните личности се исклучок бидејќи овие лица може да сакаат живот во природа исто како и во град.
Извор:
Psychology Today