X
 20.02.2019 Живот

Австралија ќе засади милијарда дрвја

Австралиската влада се подготвува да засади милијарда нови дрвја како дел од кампањата чија цел е да се исполнат климатските таргети поставени со Парискиот договор.

Владата проценува дека проектот, чија реализација ќе трае до 2050 година, на крајот ќе отстранува 18 милиони тони стакленички гасови годишно.

Веста се совпаѓа со ново истражување на истражувачи во Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих (ЕТХ), во кој е утврдено дека голема кампања на садење дрвја низ светот може да направи значителна редукција на светските емисии на гас.

Истражувачот Томас Краутер вели дека дрвјата се најмоќното оружје во борбата против климатските промени.

Милијарда дрвја, секако, е импресивен почеток, но тоа е значително помалку од билионот дополнителни дрвја за кои Краутер и неговите колеги проценуваат дека Земјата би можела да ги издржи.

- Убаво е затоа што сите може да се вклучат. Дрвјата буквално ги прават посреќни луѓето во урбаните средини, тие го подобруваат квалитетот на воздухот, на водата, на храната - вели Краутер.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот