X
 24.07.2021 Здравје

Дали треба да се пие алкохол во топлите денови?

Во текот на летото многумина одлучуваат да се освежат со студено пиво или некој друг пијалак. Но, дали тоа е добро за здравјето?

Нутриционистот Јагода Јорга советува дека не треба да се надминува границата од 25 грама алкохол во текот на летото, односно една чаша жесток пијалак, чаша вино или лименка пиво.

Меѓутоа, докторката Весна Мариќ смета дека лицата со низок притисок треба да бидат уште повнимателни при консумирањето алкохол во топлите денови, пишува Би-би-си.

- Алкохолот поттикнува исфрлање на течностите преку урината и потта и по пад на притисокот може да дојде до колабирање, поради ширењето на крвните садови и недостигот на вода - открила Мариќ за Би-би-си.


Фото: Pixabay

Едно мало истражување спроведено во Шпанија покажало дека водата и пивото исто го хидрираат телото при џогирање од 40 минути. Но ова истражување не ја зело предвид телесната температура, па не може да се докаже дали пивото разладува.

Според докторката Мариќ, црното вино што го зголемува притисокот, впрочем, не е лошо да се пие за време на ручекот, но не треба да се претерува и се препорачува да се пие само една чаша. Експертите се согласни дека не треба да се внесуваат големи количини алкохол во текот на летото бидејќи тоа има лоши ефекти врз телото.


Фото: Pixabay

Наместо алкохол, Јорга и Мариќ препорачуваат разладување со вода. Тие препорачуваат почесто да се пијат помали количини вода наместо да се пие поголема количина одеднаш. Се препорачува и пиење топли и млаки пијалаци бидејќи студентите пијалаци ги затвораат крвните садови. Не се препорачува пиење газирана вода освен доколку лицето нема низок притисок.

Конечно, пиењето алкохол и капењето е лоша комбинација, според Јорга. Доколку сакате да пиете алкохол на плажа, направете го тоа откако ќе завршите со пливањето.

Извор: BBC
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје