X
 24.08.2020 Култура

Згради што не постојат - лажните фасади на Париз кријат нешто неочекувано

Нема сомнение дека жителите на Париз се гордеат со изгледот на градот. Архитектурата во Париз е прекрасна. Но Париз крие тајна која веројатно не ја знаат многумина. Сите фасади во градот не се такви какви што изгледаат.

Влогерот „Тим травелер“ открил дека врата на една улица во Париз всушност е уметничка инсталација, па одлучил да бара други лажни згради во градот и открил повеќе такви.

Во свое видео објавено на „Јутјуб“, тој покажува повеќе фасади во Париз кои изгледаат како прекрасни станбени или канцелариски згради, но всушност само покриваат инфраструктура како електрични трафостаници.


Автор: Ибен Дискин
Извор: matadornetwork.com
Насловна фотографија: YouTube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура