X
 24.09.2018 Наша тема

Повторувачите му тежат на образованието, дали оваа мерка треба да се укине?

Истражувањата на ОЕЦД покажале дека учениците што повторуваат година често не се поправаат. Година не се повторува во Јапонија, Кореја и во Норвешка

Некои земји од Европската Унија размислуваат да ја укинат мерката повторување на година во средните и во основните училишта бидејќи е неефикасна и скапа, а некои земји воопшто и не ја користат. Ова е препорака и од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), која смета дека е доволно ученик да се прати на летно училиште или дополнителна настава каде што ќе го совлада материјалот за кој добил единица наместо повторно да оди во исто одделение или година.
Истражувања покажале дека овој модел на казна е загуба и за учениците и за државите од финансиски аспект.


Годината најмногу ја повторуваат средношколците од прва и од втора

Трошок за државата, лошо за учениците

Според пресметките на Министерството за образование и наука, во просек еден ученик во средно образование ја чини државата околу 60 илјади денари годишно, а во основно образование од 50 до 60 илјади денари.

Во овие пресметки се вклучени сите трошоци, како и инвестициите во образованието. Според груби пресметки, ова значи дека лани државата дополнително потрошила околу 370 илјади евра за 366. ученици што повторувале година.
Истражувањата на ОЕЦД покажале дека учениците што повторуваат година често не се поправаат, напротив, само се влошува нивното однесување.
Година не се повторува во Јапонија, Кореја и во Норвешка.

И во Македонија има ученици-повторувачи, но за среќа нивниот број се намалува. Пред десет години сме имале 1.424 повторувачи, 895 основци и 529 средношколци, а лани 356. Годината ја повторувале 187 ученици од основно и 170 од средно образование. Од 2016 година до 2014 трендот е речиси ист и се движи до кај 500 повторувачи. Рекорден број на ученици што ја повториле годината имавме во 2009/2010 година, вкупно 2.099.
По речиси илјада во средно и основно.



Година најчесто губат шестоодделенците и средношколците од прва и од втора

Карактеристично за целиот период е што година најмногу паѓаат учениците од шесто и оние од прва и од трета година средно. Наставници сметаат дека ова е преоден период, кој многумина го доживуваат стресно и трауматично.
- Во шесто одделение почнува предметната настава. Тоа е огромна промена за учениците. Нови наставници по секој предмет. Нови предмети. Сите попуштаат во овој период – вели Наташа Тодороска, наставничка од тетовско основно училиште.

Таа смета дека оваа мерка воопшто не е добра од педагошки аспект.
- Секој наставник или професор, ако му посвети доволно внимание на ученикот, нема да има потреба од повторување година. Секој ученик може да научи за двојка. Како се чувствуваат учениците што повториле година? Треба да помислиме и на нив. Самодовербата им паѓа, се срамат, многумина доживуваат и непријателско однесување од страна на учениците поради тоа – вели таа.

Подготвил: Милена Атанасоска-Манасиева / milena.atanasoska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема