X
 25.06.2020 Наука

Огромен облак од сахарска прашина се гледа од вселената

Огромен облак прашина што се создал во пустината Сахара во средината на јуни поминал 8.000 километри над Атлантскиот Океан и се очекува да пристигне во САД. Облакот е толку голем, што може да се види на слики направени од летало кое кружи на 1,6 милион километри од Земјата.

Облакот прашина, кој се создал на 13 јуни, бил оддуван од ветерот преку Атлантскиот Океан до Карибите.

Фото: NASA

Според НАСА, стотици милиони тони прашина секоја година се однесени во Атлантскиот Океан со ветерот. Оваа прашина потоа завршува на плажите на Карибите и ја храни почвата во Амазон, а може да влијае и врз квалитетот на воздухот во Северна и во Јужна Америка.

Анимација од слики од сателитот „ГОЕС-16“ направени на 22 јуни го покажува движењето на облакот, кој сега е насочен кон Тексас и Луизијана.

Ваквите облаци прашина не се необични, иако овој изгледа особено голем. Слојот на прашина во ваквите облаци може да биде висок од 3 до 4 километри.


Автор: Том Јулсман
Извор: discovermagazine.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука