X
 25.06.2025 Живот

За големи и мали: европски забавни паркови што не би сакале да ги пропуштите

Едно од нештата што е тешко да се избегнат штом детето ќе порасне е прашањето „Кога одиме во Гардаланд?“ Имено, паркот, кој годинава слави 50 години од работењето, е доста популарен, па затоа е само прашање на време кога вашите наследници ќе го смислат тоа прашање, бидејќи слушнале од некого во градинка/училиште, колку е одлично таму. И да, тој забавен парк на езерото Гарда е секако импресивен, но  еве и некои други забавни паркови што дефинитивно вреди да се посетат...

Мирабиландија

Заедно со Гардаланд, тоа е веројатно најпознатиот забавен парк во Италија. Се наоѓа во регионот Емилија Ромања, во близина на Равена. Мирабиландија е отворен во 1992 година, а најпознатите атракции се двата воза на смртта - Катун и Ајспид. Посетителите сакаат да одат и во Дивертикал, за кој паркот тврди дека е највисокиот воден ролеркостер во светот. Билетите за Мирабиландија се продаваат на официјалната веб-страница од 27,90 евра, а важно е да се напомене дека се поевтини преку интернет. Секако, можни се разни комбинации и промоции, а треба да се каже дека и Мирабич, голем воден парк, е отворен веднаш до Мирабиландија. Значи, посетителите често поминуваат два дена тука, еден ден во забавниот парк, а другиот во водниот парк.


Дизниленд - Париз


Европскиот Дизниленд се наоѓа во Париз, а цените на билетите се, благо речено, претерани. За да ги запознаете хероите од филмовите на Дизни, ќе треба да издвоите околу 100 евра за билет, со безброј комбинации на располагање. Секако, паркот е полн со атракции, но како и во другите паркови од овој тип, метежот често е неподнослив.

Значи, чекањето за главните атракции е еден или два часа. Секако, постојат и комбинации на билети „брз премин“, но всушност чекате и со нив, само помалку, а цените се зголемуваат...


Леголенд


Веќе не е потребно да одите до Данска бидејќи Леголенд може да се посети и во Германија. Се наоѓа на половина пат помеѓу Штутгарт и Минхен (околу 7 часа возење од Загреб), а билетите преку интернет почнуваат од 49 евра и нагоре.

Секако, и тука е можно да се снајдете и да следите разни промоции, купони и да заштедите пари. Леголенд нуди и разни возења, а самиот парк е поделен на многу тематски единици - Сити, Нинџаго, Пирати... И возрасните сигурно ќе уживаат во него бидејќи, секако, тука нема недостиг на лего-скулптури, па љубителите на фудбалот сигурно ќе го забележат моделот на Алијанз арената, а љубителите на архитектурата - Венеција...


Гардаленд


Овој парк се наоѓа веднаш до Верона. Според официјалната веб-страница, билетите почнуваат од 39 евра, но секако и тука се можни разни комбинации. Многу луѓе користат и „брз премин“ бидејќи чекањето за Синото торнадо или Заборав (најпознатите возови на смртта) може да трае повеќе од еден час. Паркот е отворен во 1975 година, што значи дека годинава ја слави својата 50-годишнина. Во близина е Мувиленд, а тука е и Силајф, голем аквариум.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот