X
 23.06.2023 Живот

Kомпанија ќе ви плати да патувате низ Европа со воз

Патувањето со воз е еден од најголемите трендови годинава. Фотографиите и видеата на луѓето на железничките линии имаат милиони прегледи на социјалните мрежи.

Досега бесплатните патувања со воз во Европа беа резервирани за млади до 26 години, но за ова не се плаќаа такси и секако не се земаше плата. Сега една компанија одлучи да организира платено тестирање на ноќните линии во Европа, а може да се пријави секој кој има над 18 години.

Свесна за овој пораст на трендот, компанијата „Радикал сториџ“ одлучи да тестира некои од железничките лении, особено ноќните, каде што можете и да спиете. Затоа компанијата бара лице кое ќе ги тестира ночните возови во Европа, а ќе му бидат покриени сите трошоци и надоместок од 575 евра.

Тестирачот на ноќните возови ќе мора да ги рецензира возењата и да го пренесе своето искуство. Тој ќе пишува за секој воз и рутата што ја поминал, ќе треба да фотографира и да снима видеа од возовите и ќе ги пренесува своите набљудувања на другите. Компанијата на кандидатот ќе му безбеди карта за сите европски возови и паричен надоместок од 575 евра.

Во огласот што го објави компанијата се наведени поволностите и барањата за оваа позиција. Кандидатот треба да има авантуристички дух, да е подготвен да истражува и отворен за нови искуства. Минималната возраст е 18 години, а претходните искуства во патувањето со воз нема да бидат пресудни во процесот на селекција.

воз
Фото: Unsplash


- Идеалниот кандидат мора да може нам и на нашите читатели да ни го покаже вистинското искуство на возење ноќен воз и да им открие на другите дали вреди да се земат предвид испробаните линии на нивното следно патување - се наведува во огласот.

Кандидатите мора да имаат одлични вештини за пишување англиски јазик бидејќи ќе треба да подготват блогови за „Радикал сториџ“. Ќе ги оценуваат ставките како што се квалитетот на спиењето во возот, самото искуство, каков е персоналот, дополнителни капацитети, распоредот на возот... Фотографиите што ќе ги направат мора да бидат привлечни и квалитетни, но компанијата наведува дека оние направени со паметен телефон ќе бидат доволни. Добрите организациски вештини се исто така важни бидејќи избраното лице ќе планира сопствена рута и ќе прави резервации за воз.

За возврат, кандидатот ќе добие „Интереил“ карта за до седум патувања, платени такси за најмногу пет ноќевања по сопствен избор, еден месец бесплатно користење на кутии за багаж и надомест од 575 евра. Пријавувањето трае до 5 јули, а патувањата се закажани од од јули 2023 до јануари 2024 година.

Формуларот за апликација можете да го најдете ТУКА.

Извор: Putni Kofer
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот