„Епл“ забрзано напредува со подготовките за лансирање на оперативниот систем иОС 27 оваа есен.
Компанијата од Купертино им ја испорача на програмерите втората бета-верзија на своите претстојни оперативни системи.
Најновата верзија проширува некои од функциите, а пред сè оние што се фокусирани на новата и подобрена Сири.
Изгледа дека тие исти нови функции се присутни во бета 2 верзиите на системите иОС 27, ајпадОС 27 и мекОС 27 кои сега се објавени, што го одразува холистичкиот пристап кон новите функции што „Епл“ го примени за време на таа воведна презентација, пренесува б92.
Порталот 9то5Мек, исто така, укажа на некои добредојдени промени за РЦС-комуникацијата во апликацијата Месиџис. Последните месеци сме сведоци на сè поголема синергија и безбедност во допишувањето меѓу уредите на „Епл“ и уредите кои не се на „Епл“, а новата бета-верзија го продолжува тој тренд. Најновата верзија на системот иОС 27 воведува поддршка за реакции на пораки и директни одговори (ин-лајн реплаис) во рамките на РЦС.
Фото: magnific