X
 25.07.2019 Живот

Најмногу милијардери има во САД

Најмногу милијардери во светот живеат во САД, вкупно 607, со имот вреден 3.111 милијарди долари, покажуваат податоците на американскиот магазин „Форбс“.

Потоа следува Кина со 324 милијардери, кои вкупно се тешки 980 милијарди долари.

Во Европа најмногу милијардери има во Германија (114), со вкупно богатство од 500 милијарди долари. Воедно Германија е и трета во светот по тоа.

Русија има 98 милијардери со богатство од 421 милијарди долари.

Обединетото Кралство има 54 милијардери со богатство од 182 милијарди. Французите имаат 41 милијардери, а нивното богатство е околу 330 милијарди долари.

Италија има 35 милијардери, Швајцарија и Шведска по 33, Шпанија 29.

Турција има 25 милијардери, Норвешка 15, Холандија и Данска по 10, Ирска и Австрија по 9, а другите европски држави имаат по помалку.

„Форбс“ не наведува ниеден богаташ од земјите од поранешна Југославија.

Инаку, Индија има 106 милијардери кои имаат 405 милијарди долари.

Во Јужна Америка најмногу милијардери има Бразил, вкупно 58.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот