X
 25.07.2019 Живот

Овие личности заработуваат илјадници долари за објава на „Инстаграм“

Листата на Инстаграм - богаташи за 2019 година е објавена и покажува дека кланот Кардашијан-Џенер се уште е доминантен.

Втора година по ред Кајли Џенер е на врвот на листата како славна личност која наплаќа најмногу за една објава на „Инстаграм“. Нејзините сестри Ким Кардашијан и Кендал Џенер не заостануваат многу.

Годишната листа е составена од „HopperHQ“, алатка која анализира внатрешни и јавно достапни податоци за да ги одреди најплатените славни лица и инфлуенсери на оваа социјална мрежа.

Алатката ја зема предвид активноста, колку често личноста објавува, и бројот на слебеници за да сфати колку овие славни личности би можеле да наплаќаат за објава. Потоа се прави листа на основа на овие проценки.

Меѓу оние со најголеми заработки за објава се најде фудбалерот Мохамед Салах, кој е на 26. место со неговите 30,5 милиони следбеници и заработка од 165.000 долари за објава. Борачот Конор Мекгрегор, кој има 31,4 милиони следбеници, е едно место погоре и според алатката, тој за објава заработува 169 илјади долари. Луис Суарез има 34,3 милиони следбеници и проценета заработка за објава од 184 илјади долари. Тој се најде на 24. место на листата. Златан Ибрахимовиќ е на 22. место со 37,4 милиони следбеници и 200 илјади долари заработка за објава, а Гарет Бејл е на 21 место со 40,5 милиони следбеници и 218 илјади долари заработка за објава. Роналдињо е едно место погоре со 47,2 следбеници и 256 илјади долари за објава.

Во првите 20 се најдоа и Леброн Џејмс (272.000 долари за објава), Дејвид Бекам (357.000 долари за објава), Деми Ловато (458.000 долари за објава), Клои Кардашијан (598.000 долари за објава), Кендал Џенер (611.000 долари за објава), Лионел Меси (648.000 долари за објава), Ники Минаж (651.000 долари за објава) и други.

Сепак, ова се десетте најплатени Инстаграм-инфлуенсери:

10. Џастин Бибер


Број на следбеници: 115 милиони

Заработка за објава: 722.000 долари

9. Нејмар де Силва Сантос Џуниор


Број на следбеници: 123 милиони

Заработка за објава: 722.000 долари

8. Тејлор Свифт


Број на следбеници: 119 милиони

Заработка за објава: 748.000 долари

7. Бијонсе Ноулс


Број на следбеници: 130 милиони

Заработка за објава: 785.000 долари

6. Двејн Џонсон


Број на следбеници: 150 милиони

Заработка за објава: 882.000 долари

5. Селена Гомез


Број на следбеници: 153 милиони

Заработка за објава: 886.000 долари

4. Ким Кардашијан Вест

View this post on Instagram

Hey! 🍏

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on


Број на следбеници: 144 милиони

Заработка за објава: 910.000 долари

3. Кристијано Роналдо


Број на следбеници: 176 милиони

Заработка за објава: 975.000 долари

2. Аријана Гранде

View this post on Instagram

☁️ @givenchyofficial

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on


Број на следбеници: 160 милиони

Заработка за објава: 996.000 долари

1. Кајли Џенер

View this post on Instagram

la vida es bella

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on


Број на следбеници: 141 милион

Заработка за објава: 1.266.000 долари

Треба да се забележи дека на 86. место на листата се најде бугарскиот бодибилдер Лазар Ангелов, кој има 5,8 милиони следбеници и се проценува дека заработува 14.800 долари за објава.

Тука можете да ја видите целата листа.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот