X
 25.08.2018 Култура

Сон за многумина: Плата од 120.000 долари и престојување во најубавите одморалишта во Мексико

Како ви звучи? Една година во најубавите дестинации на Мексико, вклучувајќи ги Нуево Валарта, Ривиера Маја, Лос Кабос, Акапулко, Пуерто Пенаско и Пуета Валарта - плус прекрасна храна, луксузни спа-центри и ексклузивна забава. Сето ова плус едногодишна плата од 120.000 долари плус трошоци за патување.

Оваа работна можност ја нуди „Виданта“, компанија што поседува прекрасни одморалиште низ Мексико. Еден среќен и квалификуван кандидат ќе стане амбасадор на брендот на „Виданта“, а најимпресивните одморалишта ќе бидат негово работно место.

-Мислам дека е потценувачко ако кажеме дека придобивките што ги нуди оваа позиција се бесконечни. Кандидатот целосно ќе може да ужива во секоја од нашите туристички дестинации; од откривање на античките рушевини на Маите до откривање на најпопуларните нови ресторани и ноќни клубови - вели Иван Чавез, извршниот потпретседател на „Групо Виданта“.

1
Фото: Rupert Peace


Од амбасадорот на брендот ќе се бара да биде социјален инфлуенсер на „Виданта“, собирајќи содржини додека ужува во луксузот, удобноста и авантурите што ги нудат одморалиштата на оваа компанија. Задачата на амбасадорот ќе биде да ги инспирира патниците низ светот преку нивните искуства.

Избраната личност ќе помине низ обемна програма за обука која не само што ќе ги подготви за улогата на амбасадор на брендот, туку и ќе обезбеди вештини за успешна кариера понатаму. Идеалниот кандидат треба да има искуство во продажба и во гостопримливост, да биде дружељубива личност и да биде подготвен да се пресели во Мексико.

Сето ова звучи одлично, нели? Аплицирајте онлајн ТУКА и поднесете го вашето резиме пред 21 октомври.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура