X
 25.08.2022 Живот

Со традиционалното читање на „Т`га за југ“ вечерва почнуваат Струшките вечери на поезијата

Со традиционалното читање на „Т`га за југ“ и палење на фестивалскиот оган, вечерва во Струга ќе почне 61. издание на Струшките вечери на поезијата. Годинава учество ќе земат 20 странски, но и двојно повеќе домашни поети. Свеченото отворање на 61. издание на Струшките вечери на поезијата ќе се одржи на летната тераса во хотел „Дрим“.  

Годинашниот лауреат - Шунтаро Таникава, поради возраста (91 година) и здравствени ризици, нема да присуствува, а специјален гостин ќе биде израелскиот поет Амир Ор, лауреат за 2020 година.

„Златниот венец“ во име на Шунтаро Таникава ќе го прими неговиот син Кенсаку Таникава, истакнат јапонски композитор и пијанист. Тој на традиционалниот портрет на лауреатот во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе има музички настап инспириран од стиховите на својот татко.

Свеченото затворање на фестивалот ќе биде на 28 август на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“, која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО за најдобра дебитантска книга, и „Браќа Миладиновци“.  

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот